СРЕДБА НА СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА СО КИНЕСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА, Г-ЃА ЈИН ЛИКСИАН

//

Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина предводена од г-ѓа Владанка Авировиќ, а во чиј состав беа и г-ѓа Јагода Шахпаска, г-ѓа Анета Симеска-Димоска, г. Агим Шаќири, г-ѓа Весна Пемова и г. Јохан Тарчуловски, вчера остварија средба со кинескиот амбасадор во Република Македонија, г-ѓа Јин Ликсиан. Средбата се оддржа во новите простории на кинеската амбасада.

На средбата, Делегацијата го запозна амбасадорот со составот и плановите за работа на Пратеничката група во правец на развојот и зацврстувањето на односите со Народна Република Кина, особено на парламентарно ниво. Притоа, ја поканија г-ѓа Ликсиан да ги посети и градовите во внатрешноста за да се запознае со потенцијалите на нашата држава.

Беше речено дека Кина е голема и импресивна земја со импресивна култура и дека има можности за соработка во многу полиња, како што е економијата, технологијата, културата, алтернативната кинеска медицина итн.
Амбасадорот ја поздрави работата на Пратеничката група истакнувајќи дека посебно и е драго за прикажаниот особен интерес кон Народна Република Кина, со што се потврдуваат добрите меѓусебни односи.



Таа истакна дека целта на амбасадата е да се стимулира развојот на меѓусебните односи, вклучувајќи ги и двата парламента, притоа информирајќи дека и во нивниот парламент е основана Пратеничка група за соработка со Република Македонија.



Претходна статија

БУЈАР ОСМАНИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА БРИСЕЛ

Следна статија

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС НА МЛАДИ КОИ САКААТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ГАРАНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ

Најново од Вести