Српското издание на книгата „Самуил: Цар и самодржец бугарски“ ќе биде претставено во Белград
Српското издание на книгата „Самуил: Цар и самодржец бугарски“ ќе биде претставено на 5 ноември, во четврток, од 18 часот во Амбасадата на Бугарија во Белград, јавува БНР.
Специјален гост на настанот ќе биде авторот на книгата, бугарскиот историчар и професор на Софискиот универзитет, Георги Николов. Претставувањето го организира бугарската амбасада, во соработка со здружението „Паметник“ и издавачката куќа „Академска книга“, објави far.rs.
Според организаторите, вечерта ќе биде посветена на бугарската историја и на нејзиното претставување пред српската публика.
