| |

Бугарија и САД разговараа за стратешката соработка во економијата, енергетиката и одбраната

Стратешката соработка меѓу Бугарија и САД во областа на економијата и инвестициите, високите технологии и енергетиката, како и партнерството во одбраната и безбедносната состојба во Црното Море, биле теми на средбата меѓу бугарскиот премиер Румен Радев и заменик-помошникот државен секретар на САД за европска безбедност и политички прашања, Дејвид Бејкер, соопшти прес-службата на бугарскaта влада, јавува БНР.

Во разговорот било нагласено стратешкото значење на Средниот коридор за транспортната, енергетската и дигиталната поврзаност на Европа.

Бејкер престојува во посета на Бугарија по повод приемот на првите борбени возила „Страјкер“ во Копнените сили.

На средбата учествувале и министерот за одбрана Димитар Стојанов и министерката за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, соопшти прес-службата на бугарската влада.

Слични Објави