ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Џафери поради скандалозната снимка

/

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од претседателот на Собранието Талат Џафери откако вчера во јавноста беше лиферувана аудиснимка на која, како што потенцираат од опозициската партија, се слуша неговиот глас и како тој се обраќа кон собраниски службеници.

Портпаролот на партијата Наум Стоилковски на прес-конференцијата повика на оставка на Џафери наведувајќи дека тој веќе е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом.

– Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом – истакна Стоилковски.

Според него, станува збор за потврдена снимка од Талат Џафери.

– Во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието? Не постои оправдување за ваков простотилак и прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквото примитивно однесување – прашува Стоилковски.



Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека кога СДСМ и ДУИ немаат аргументи, претседателот на Собранието Џафери станува нервозен и на површина испливува суштината односно сликата за севкупното практикување на власта на, како што рече, крими- коалицијата.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Русија прогласи вработен во бугарската амбасада во Москва за персона нон грата

Следна статија

Шакири: МОН и СОНК денеска ќе разговараат за колективниот договор, за конкретна финансиска понуда не!

Најново од Вести