Русија прогласи вработен во бугарската амбасада во Москва за персона нон грата, се наведува во соопштение на руското МНР.
„На 13 мај, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Руската Федерација Атанас Кр’стин беше повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде му беше врачена нота од министерството со која вработен во бугарската амбасада во Москва е прогласен за непожелна личност .“ стои во соопштението на Руското министерство за надворешни работи.
„Оваа мерка е одговор на немотивираната одлука која бугарската страна ја донесе во април за прогласување на дипломат од руската амбасада во Софија за персона нон грата.
БГНЕС потсетува дека на 18 април вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Руската Федерација Атанас Кр’стин беше повикан во Министерството за надворешни работи на Русија, каде му беше врачена нота со која група бугарски дипломати вработени во бугарската амбасада во Москва, беа прогласени за непожелни.