По Софија и општинските советници во градот Сандански изгласаа декларација за преговорите на РС Македонија со ЕУ

//

На предлог на општинските советници од политичката партија ВМРО-БНД во Општинскиот совет на градот Сандански во Бугарија, едногласно е донесена декларација за членството на РС Македонија во ЕУ. Ова го соопшти преку социјалната мрежа Facebook градоначалникот на Сандански Атанас Стојанов, кој доаѓа од редовите токму на ВМРО-БНД.

Во декларацијата општинските советници ги осудија различните форми на антибугарска политика насочена кон Бугарија и граѓаните со бугарски идентитет во Северна Македонија и апелираа до бугарската влада строго да се придржува до Рамковниот позиција за членство на РС Македонија во ЕУ и Декларацијата усвоена едногласно од 44-то Народно собрание.

Советниците се децидни дека Бугарија треба да даде „зелено светло“ за преговори за членство на Република Северна Македонија само доколку се исполнат сите услови од Договорот за добрососедство.

„Потребно е правата на македонските Бугари да бидат гарантирани јасно и недвосмислено, вклучително и со нивно внесување во Уставот на Република Северна Македонија.
Историските манипулации и лаги на македонистичката пропаганда мора да се избришат од учебниците и да се запре говорот на омраза“, стои во декларацијата подржана од општинските советници во градот Сандански.





Претходна статија

Петков: Нема да потпишуваме ништо со РС Македонија на 22 мај

Следна статија

Русија прогласи вработен во бугарската амбасада во Москва за персона нон грата

Најново од Вести