На 2 август (Илинден) во Благоевград ќе биде откриен споменик на Мара Бунева

//

На 2 август (Илинден) во Благоевград, Република Бугарија ќе биде откриен споменик на големата бугарска хероина од Македонија, Мара Бунева. Споменикот веќе е поставен во градскиот парк на Благоевград. Иницијатор на поставувањето на споменикот е Ана-Марија Бунева-внука на револуционерот Борис Бунев, брат на Мара Бунева.

Споменикот на Мара Бунева се поставува во Благоевград со помошта на братството „Хајдути“ и ВМРО-БНД. Автор на скулптурата е Александар Хајтов, а постаментот е дело на Димитар Антов, советник во општинскиот совет на бугарскиот главен град Софија.

Свечената програма за одбележување на Илинденското востание во Благоевград, ќе биде отворена токму со официјалното откривање на споменикот на големата револуционерка од Тетово.





Претходна статија

Приведен крадец од Скопје: 17-годишник извршил тешка кражба во Аеродром

Следна статија

Во четврток сите пред Триумфална Порта, да го пречекаме олимпиецот Дејан Георгиевски

Најново од Вести