|

ССМ бара итно зголемување на минималната плата на 500 евра

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повторно побара итно зголемување на минималната плата на 500 евра, наведувајќи дека Северна Македонија е на дното и во регионот и во Европа според висината и реалната вредност на минималната плата.

ССМ потсетува дека синдикалната кошница пораснала за над 8.000 денари за една година, а 55,7% од граѓаните не можат да си дозволат ни седумдневен одмор. Според последните податоци, минималната плата во Србија, БиХ и Црна Гора е повисока од македонската, а Северна Македонија е последна и според куповната моќ.

Синдикатот апелира до Собранието и пратениците веднаш да започнат законска процедура за зголемување на платата, барајќи тоа да се примени од платата за август 2025.

Слични Објави