Сто години живот: градоначалникот на Крива Паланка ја посети највозрасната сограѓанка
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја посети највозрасната сограѓанка во нејзиниот дом, оддавајќи ѝ внимание и признание за еден век исполнет со животно искуство, достоинство и мудрост. Сто години живот се реткост и богатство што заслужува искрена почит.
Со роденденска торта, градоначалникот ѝ упати честитки и желби за добро здравје, мир, спокој и уште многу денови исполнети со радост, љубов и семејна топлина.
„Еден век живот не е само личен јубилеј, туку дел од колективната меморија на нашиот град. Нашите највозрасни сограѓани се живи сведоци на времињата што ја обликувале Крива Паланка и затоа заслужуваат искрена благодарност, внимание и најдлабока почит“, истакна Митовски.
Општина Крива Паланка, додаваат од таму, и понатаму ќе продолжи да ги негува вредностите на почит, грижа и внимание кон највозрасните сограѓани, препознавајќи го нивниот животен пат и искуство како непроценливо богатство за целата заедница.
„На нашата сограѓанка ѝ посакуваме добро здравје, спокој и уште многу денови исполнети со љубов, насмевки и топлината на нејзиното семејство, со надеж дека и понатаму ќе биде инспирација и гордост за Крива Паланка“.
