|

Стоилковски: СДСМ/ДУИ протерале 215.000 работоспособни луѓе

Според државната статистика, во табела за работоспособни луѓе, вработени, оние коишто бараат работа и невработени, на крајот од 2021 година запишале вкупно речиси 1.682.000. По само три месеци годинава, Статистика за истата категорија, оние коишто може да работат, пребројува нешто над 1.467.000, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што вели тој, заради криминогеноста и штетните политики на СДСМ и ДУИ, во овој период, според табелата на официјална Статистика , работа загубиле или напуштиле речиси 104 илјади вработени. Но тие ги нема во табелата невработени, затоа што и таму бројката е намалена за над 22.500 лица! И тоа лица коишто според СДСМ/ДУИ барале работа. Бројката на оние избришаните за работа од СДСМ/ДУИ, како ги нарекуваат „неактивни баратели на работа”, е намалена за над 88.000 работоспособни луѓе.

Еве дел од прес конференцијата на Стоилковски:

Значи вкупно, заради политиките на СДСМ/ДУИ, Македонија загубила 215 илјади луѓе. 215 илјади работоспособни, 215 илјади луѓе работна сила! И тој тренд продолжува секојдневно со илјадници, илјадници млади, работоспособни коишто ги полнат автобусите и заминуваат во странство.

215 илјади избегани затоа што нема нови фабрики. 215 илјади иселени затоа што нема инвестиции. 215 илјади раселени затоа што нема правдина за Модуларната и Автобусот на смртта! 215 илјада помалку во Македонија. Егзодус на работоспособно население, заради криминал и корупција, затоа што нема развој, патишта, заради партизација и криминализација, затоа што Владата ЛАЖЕ дека во Македонија се живее како во Германија!

215 илјади помалку работна сила, веднаш по корона кризата! Без луѓе, нема економија, без луѓе нема држава.

Почитувани, премногу е! Придружете се на протестот за рушење на оваа власт, на 18 јуни пред владата во 20 часот!

Слични Објави