СТОИЛОВ: ОВА МОЖЕ ДА Е ЕДЕН ОД ПОСЛЕДНИТЕ МЕЧЕВИ ЗА ВАРДАР!

Пред РК Вардар претстои претпоследниот домашен натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона, против Мотор Запорожје в сабота (17.30), но токму во овој период атмосферата ја нарушија заминувањата на неколку ракометари и континуираната финансиска криза.

Капитенот Стојанче Стоилов, на прес-конференцијата која треба да го најави дуелот со Мотор, природно, повеќе зборуваше за тешката ситуација отколку конкретно за натпреварот.

„Нè очекува тежок натпревар, зашто се наоѓаме во тешка ситуација. Си замина важен играч, да бидеме реални, Вардар не е иста екипа со и без него. Треба да излеземе на терен и да видиме каква ни е главата. Ова не е ново со проблемите, веќе долго време се влече…Тешко е да, се надевам пред полна сала и мотивирани, ќе одиграме добар меч“, изјави Стоилов, мислејќи на Даинис Криштопанс, кој вчера официјално беше промовиран во Фуксе Берлин.

Вели дека и тој и Атман, кој замина во Спартак Москва, не може никој да ги обвини, затоа што си го бараат своето. А за иднината на клубот – никој не знае да каже.

„Не знаеме што ќе се случи и во иднина, може ова ќе биде еден од последните натпревари, не знае никој да каже. Наше е да се помачиме и да го одиграме најдоброто против Мотор. Никој не може да ги обвини играчите што си отидоа. Ние сме актуелен европски првак, а односот кон нас е смешен“, дополни Стоилов.



Кога веќе се отвори излезната врата од „Јане Сандански“, Стоилов вели дека засега тоа не важи за него, тој останува, но…

„Јас ќе останам сигурно, но многу работи има што не ги знаеме ние, што се важни за иднината на клубот. Треба да се седне и да се разговара. Многу работи висат, да бидеме реални неизвесно е и во македонското првенство, за титулата. Ќе видиме“, заврши капитенот.

Извор: Спорт1

Претходна статија

САМО САМАРЏИСКИ КАЖАЛ „НЕ“, СИМОНОВСКИ Е БЕЗ КЛУБ АМА ТРЕНИРА – ПЕКОЛНО!

Следна статија

РИСТОВСКИ: МАКЕДОНИЈА Е МАЛА ЗЕМЈА СО ГОЛЕМ СОН – МОЖЕМЕ ДА НАПИШЕМЕ ИСТОРИЈА!

Најново од Спорт