|

Стојановски: Буџетот нема да им ги реши проблемите на граѓаните во пресрет на најголемата криза

Цените на основните производи се во постојан пораст и привременото замрзнување на некои од нив нема значително да им го подобри животниот стандард на граѓаните, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, посочувајќи дека во следните денови на собраниска седница ќе се расправа за буџетот за 2022 година.

„Во текот на амандманската расправа поднесовме многубројни суштински амандмани со цел цената на електричната енергија да не се зголеми и дополнително да им се помогне на граѓаните и компаниите, но сите амандмани беа одбиени од страна на владејачкото мнозинство.

Одбија амандмани за изградба на градинки, реконструкција на училишта, третман на отпадни води и многубројни други амандмани, кои се покорисни, отколку да делат пари за проекти што треба да ја откријат ‘пицата на Римјаните’.

Истовремено, сакаме на СДСМ да му порачаме дека тие амандмани што биле прифатени и биле во голем број, како што тврдат во таа партија, е одраз дека на буџетот му се потребни значајни интервенции и дека ВМРО-ДПМНЕ преку своите амандмани се бори за интересот и барањата на граѓаните.

Се надеваме дека парламентарното мнозинство ќе собере сили и ќе признае дека овој буџет нема да реши ниту една криза со која се соочуваат граѓаните и стопанството“, посочи претеникот на ВМРО-ДПМНЕ и изрази очекување во следните месеци да има ребаланс на буџетот затоа што, како што рече, кризата е многу посериозна отколку што СДСМ и ДУИ сакаат да ја претстават.

Извор: Темите

Слични Објави