|

ВМРО-ДПМНЕ: Ако нема датум на 14-ти декември, да се распишат предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ ја постави Резолуцијата на македонското Собрание како „црвена линија“ за преговорите со официјална Софија, и најави дека се што ќе биде договорено надвор од неа, ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува, објави Канал 5.

 Според оваа телевизија по најавите дека е можно решавање на отворените прашања меѓу Скопје и Софија со драфт документ кој ги содржи точките 5+1..од опозициската партија брифираат дека позициите во македонската резолуција мора да се зачуваат.

Покрај ВМРО-ДПМНЕ и Левица повикува на почитување на Резолуцијата за „црвените линии“ за Бугарија, но и бара итен прекин на преговорите, бидејќи како што велат оваа Влада е делегитимирана и без интегритет да преговара.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека прво ќе го почекаат исходот од 14 декември за македонските евроинтеграции, а доколку не добиеме датум за почеток на преговори, очекуваат власта, како што велат да достои на зборот и да распише предвремени избори.

Слични Објави