|

Столтенберг: „Мораме да разбереме дека ситуацијата на бојното поле е сложена, Русија не планира мир, туку нова војна“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска, изјави дека Русија планира нова војна и дека ситуацијата на фронтот во Украина е потешка од очекуваното.

„Мораме да разбереме дека ситуацијата на бојното поле е сложена. Русија не планира мир, туку нова војна“, рече Столтенберг на прес-конференција по средбата со летонскиот претседател, Едгарс Ринкевичс, во Брисел.

Столтенберг изјави дека Русија се обидела да почне офанзивни операции околу украинските градови, како што е Авдиивка и призна дека „факт е оти ситуацијата на бојното поле е посложена“ отколку што очекувала алијансата.

„Ова не е аргумент против поддршка, тоа е аргумент во корист на поголема поддршка за Украина бидејќи повторно не можеме да дозволиме рускиот претседател Владимир Путин да победи“, рече Столтенберг.



Слични Објави