|

Столтенберг: Никогаш не е доцна Русија да се откаже од напад

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги поздрави санкциите воведени од страна на повеќе земји членки против Русија и додаде дека Алијансата ќе продолжи да ја поддржува Украина воено и финансиски, јави дописничката на МИА од Брисел, пренесува zoom.mk.

Шефот на Северноатлантската алијанса попладнево се обрати пред медиумите откако вчера рускиот претседател Владимир Путин ги призна самопрогласените “Народни републики“ Доњецк и Луганск, предизвикувајќи лавина реакции и санкции на Западот.

Столтенберг, сепак, нагласи дека Москва уште има простор да се повлече и да докаже дека сака мирно и дипломатско решение.

-Русија уште има избор да направи чекор назад, да избере дијалог и дипломатија, ние покажавме дека сме подготвени да седнеме и да разговараме со Русија во дух на доверба, рече Столтенберг и и порача на Русија дека не е доцна да не нападне.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави