|

„Стоп за Вардариште“ најави нови блокади

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ соопшти дека во петок, 26 септември, покрај најавениот протест во 18:00 часот, ќе одржи и утринска акција со блокада на мостот „Близнаци“ меѓу општините Аеродром и Гази Баба, која ќе започне во 07:30 часот.

Организаторите апелираа до работодавците да покажат разбирање за можни задоцнувања на вработените, а до возачите – трпение.

Од иницијативата објаснуваат дека протестот следи поради истекот на рокот од пет дена што го поставија за исполнување на нивните итни барања:

  • воспоставување 24-часовен видео-надзор и физичко обезбедување на Вардариште,
  • итно иселување и згрижување на лицата кои живеат таму,
  • поставување ограда и почеток на процес за конечно затворање на депонијата,
  • откривање и санкционирање на одговорните за пожарите,
  • ригорозни мерки против оние кои продолжуваат да фрлаат отпад.

Барањата се доставени до Владата, институциите и општините Аеродром и Гази Баба, но, според иницијативата, одговор досега нема.

„Ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат – чистиот воздух е приоритет за сите нас“, порачаа од „Стоп за Вардариште“.

Слични Објави