|

ТУРЦИЈА СО ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ПРОТИВ НОВИОТ КОРОНА ВИРУС

Турција воведува голем број превентивни мерки во борбата со новиот корона вирус и покрај тоа што во земјата сѐ уште нема официјален податок за заболени од смртоносната болест.

Министерот за здравство во турската влада Фахредин Коџа соопшти дека сите ризични пациенти од Кина ќе бидат ставени во карантин и до болниците ќе бидат превезувани во специјални амбулантни возила.

Посебни мерки за проверки се воведени и на аеродромот во Истанбул бидејќи компанијата „Туркиш Ерлајнс“ има летови и до Кина, каде што се појави и вирусот.



Слични Објави