СТОПАНСКА КОМОРА: ВЛЕЗОТ ВО НАТО ОТВОРА ГОЛЕМА ПЕРСПЕКТИВА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

/

Влезот во НАТО е значајна придобивка за една земја. Придобивката е уште поголема кога земјата е мала и има многу ограничени ресурси за самостојно развивање на капацитетите на одбраната. Притоа, стабилизирањето на безбедносната ситуација на земјата создава услови и за поширок развој на самото општество, демократијата. Но, влезот во НАТО отвора и значајни перспективи на економски план. Во моментов сите сме преокупирани со коронавирус кризата, но таа во еден момент ќе помине и тогаш ќе почнат да се материјализираат придобивките и за македонската економија, вели во видео-изјавата главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора, Зоран Јовановски, поосчувајќи ги пред се инвестициите.

Според него, за земја како нашата, која е мала и не е богата, отстранувањето на безбедносниот ризик е важна работа. Тоа ќе овозможи да се зацврсти перцепцијата за македонската економија како атрактивна дестинација за нови странски директни инвестиции и за поголеми домашни инвестиции.





Претходна статија

ЕРДОГАН ПОЧНА КАМПАЊА ЗА ПОМОШ НА СИРОМАШНИТЕ: ЌЕ ДОНИРА 7 СВОИ МЕСЕЧНИ ПЛАТИ

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: ДЕТЕКТИРАНИ СЕ ПРОПУСТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ПАЦИЕНТКАТА ОД ОХРИД

Најново од Вести