СУДИЈКАТА ДОБРИЛА КАЦАРСКА НАПРЕДУВА ВО КАРИЕРАТА
Судијката Добрила Кацарска од Основниот кривичен суд Скопје едногласно е предложена за нов судија во Уставниот суд на Република Македонија.
На денешната седница на Судскиот совет без ниту еден глас против е донесен предлогот Кацарска да стане уставен судија. Нејзината кандидатура треба да биде изгласана и во Собранието на Република Македонија.
