| |

ДИСЦИПЛИНСКА ЗА АДВОКАТОТ ДАУТИ КОЈ ПРЕКУ БАРАЊЕТО ЗА ПРЕВОД СПИСИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ ТНТ, ЦЕЛИ ЗАСТАРУВАЊЕ НА ДЕЛОТО

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ, Елисавета Најдовска, Мерџан Даути, бидејќи со цел да ја одолговлечи постапката побарал да бидат преведени сите списи на албански јазик од 40-ина рочишта досега во предметот.

Судијата Огнен Ставрев го исчита известувањето од Комората, во кое пишува дека за еден адвокат да добие лиценца, треба активно да го знае македонскиот јазик, според Законот за адвокатура.

Судијата кажа дека адвокатот кој и’ го откажал полономоштвото на обвинетата Димитар Дангов, заедно со обвинетата Елисавета Најдовска и новиот адвокат Мерџан Даути намерно го злоупотребуваат правото за да се одолговлечи постапката.

„Се користеле српски и бугарски зборови во записниците. Јас само го користам моето право што ми го дава Законот за употреба на јазиците“, рече Даути по рочиштето.



Слични Објави