| |

Одбележуваме 80 години од подвигот на херојот од Втората светска војна Димитар Списаревски

Денеска се навршуваат 80 години од подвигот на бугарскиот херој од времето на Втората светска војна, воениот пилот Димитар Списаревски. Списаревски го губи својот живот на 20 декември 1943 година, за време на одбраната на Софија од англо-американските бомбардирања, јавува БНР.

Списаревски со својот авион соборил голем американски бомбардер удирајќи и жртвувајќи се за да го забави напредувањето на непријателот и да им даде време на софијанци да се скријат во скривалиштата. Оттогаш е нарекуван „живото торпедо“ и неговиот пример се проучува во многу учебници за воздушна борба, потсетува БТА.

Иако за време на бомбардирањето, бугарските авиони биле 36, а на непријателот околу 200, бугарската ескадрила влегла во воздушна борба, соборила три непријателски бомбардери и седум авиони-ловци и успеала да го одложи воздушниот напад на Софија. За време на одбраната загинале офицерите Димитар Списаревски и Георги Ќумурџиев.

Постхумно, Списаревски, кој загинал на само 27 години, е одликуван со Орден за храброст и е унапреден во чин полковник.

Годишнината од неговиот подвиг свечено ќе биде одбележана во Софија со церемонија на полагање венци и цвеќе пред споменикот на пилотот во софиската населба Дружба.

Свеченост ќе има и во селото Долни Пасарел каде е неговото лобно место. Во свеченоста ќе учествува заменик министерот за одбрана на Бугарија Атанас Запрјанов.

Слични Објави