НЕМА ВОЗДУХ НЕМА МИР-ЗЕЛЕНА РЕВОЛУЦИЈА
Во центарот на Скопје вечерва се одржa протестен Марш за чист воздух #ЗеленаРеволуција, преку кој се бара ефикасност од надлежните институции во борбата со загадувањето на воздухот.
Организатори се граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места. Имаат, како што изјавија на почетокот на маршот што почна пред зградата на Министерството за животна средина и просторно планирање, 250 барања во однос на екологијата до сите надлежни институции со конкретни рокови.
Маршот на граѓанските организации почна пред Министерството за животна средина и просторно планирање и заврши пред Владата.

