Судир на два високобрзински воза во Јужна Шпанија: 21 загинат, 30 тешко повредени
При судир меѓу два високобрзински воза во Јужна Шпанија, 30 лица се тешко повредени и хоспитализирани, а 21 загинале, јавува БГНЕС.
Ова го соопшти министерот за транспорт Оскар Пуенте, пренесе АФП.
„Триесет повредени се префрлени во болници и се во тешка состојба“, изјави тој пред новинарите, додавајќи дека сите повредени веќе се евакуирани за да добијат медицинска помош.

