СУДОТ НА ЧЕСТА ВО ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ЛИЦЕНЦАТА НА ЗАРАЗЕНАТА ДОКТОРКА

//

Лекарската комора донесе одлука да ѝ се изрече јавна опомена на докторката Нина Цаца Билјановска која е заболена од коронавирус и побара да се поведе постапка пред Судот на честа при Лекарската комора, кој е единствен независен и надлежен орган на Комората, да расправа за одговорноста на лекарите за сторена повреда на Кодексот на медицинската деонтологија и да носи одлуки за евентуално привремено или трајно одземање на лиценцата за работа.

Извршниот одбор и Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора денес одржаа вонредна седница на која се расправаше за етичкиот аспект на однесувањето на д-р Нина Цаца Билјановска, која откако се вратила од Италија, спротивно на препораките, продолжила со извршување на работните задачи и цела недела одела на работа.

„Лекарската комора остро ја осудува постапката и однесувањето на д-р Нина Цаца Билјановска, поради тоа што со непочитување на препораките за домашна само изолација, кои важат за сите граѓани кои доаѓаат од високо ризични земји за пренесување на корона вирусот, предизвикала морално-етичка и правна одговорност. Етичките принципи на хуманост и почитување на личноста и животот го обврзуваат докторот на медицина со своето однесување да води грижа, а не да им наштетува на своите колеги и пациенти, како и да биде спремен да преземе одговорност за своето постапување, не само спрема пациентите и колегите, туку и спрема заедницата во целина“, се наведува во соопштението.



Лекарската комора уште еднаш апелира до докторите на медицина и до сите здравствени работници да се однесуваат како што доликува на докторската професија професионално, одговорно и разумно, како и во целост да ги почитуваат дадените препораки, упатства и насоки од Владата со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР ПРЕД БАНКРОТ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

РИШ НА ГДУ ГИ ПОДНЕСЕ ЛИСТИТЕ СО КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ

Најново од Вести