СУДОТ НE МУ ГО ВРАТИ ПАСОШОТ НА МИЈАЛКОВ ЗА ДА СЕ ЛЕКУВА ВО ЧЕШКА

//

Кривичниот суд нема да му го врати пасошот на Сашо Мијалков, осуден во „Титаник 2“, за да се лекува во Чешка.

„Во однос на укинувањето на мерката за претпазливост – привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова, кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, по добивање на целокупната документација, се обрати до надлежното обвинителство, од каде што е добиено негативно мислење во однос на барањето. Советот на одржана седница по разгледување и ценење на барањето и мислењето на надлежното обвинителство, донесе решение со кое барањето го одби како неосновано“, соопштија од Кривичниот суд.

Против ова решение ексдиректорот на УБК има право на жалба до Апелациониот суд во рок од три дена. Претходно, СЈО даде негативно мислење за лекување на Мијалков во странство.

Мијалков е неправосилно осуден на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ТЕСТ: ШТО ВИДОВТЕ НАЈПРВО НА СЛИКАТА?

Следна статија

СЕАД КОЧАН МОРА ВЕДНАШ ДА СЕ ЈАВИ НА ИЗДРЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА

Најново од Вести