| |

СЕАД КОЧАН МОРА ВЕДНАШ ДА СЕ ЈАВИ НА ИЗДРЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции, според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна, јавува НОВАТВ.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции со кое се одбива барањето за одлагање на извршување на затворската казна на еден од правосилно осудените лица во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството означен како „Труст“, по добивање на целокупната документација поврзана со жалбата, на 26.07.2019 година одржа нејавна седница, се наведува во соопштението од Судот.

Слични Објави