АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ: НЕФИ УСЕИНИ ДОБИЛ ТЕНДЕРИ ВО ВИСИНА ОД 225 ИЛЈАДИ ЕВРА ВО ОХРИД

//

Советникот на ДУИ, Нефи Усеини, чие име деновиве постојано се споменува во јавноста, поради дивоградбите во негова сопственост, но и поради насилните инциденти кои ги предизвикува, добивал тендери од претпријатија во сопственост на Општина Охрид, каде е и член на Советот. Според Алијанса за Албанците, Усеини во рок од две години од општински претпријатија добил осум тендери во вкупна вредност од 225.000 евра, јавува Фокус.

„Нефи Усенини е советник во Советот на општина Охрид од редовите на ДУИ. Воедно од компаниите што ги води градот Охрид, неговата компанија „НЕФИ ИК“ добива тендери со висока вредност. За две години, има добиено 8 тендери во вредност од 225,000 евра. Неговата компанија „НЕФИ ИК“ има потпишано 5 договори со ЈП “Охридски комуналец“, 2 договори со ЈП “Градски гробишта“ и 1 договор со ЈП “Нискоградба Охрид“. Неговата компанија „НЕФИ ИК“ ја одржува и депонијата Буково, која беше запалена пред неколку недели. Одржувањето на депонијата со тендер од ЈП “Охридски комуналец“, во вредност од над 47.000 евра“, велат од партијата на Зијадин Села.





Претходна статија

СЕАД КОЧАН МОРА ВЕДНАШ ДА СЕ ЈАВИ НА ИЗДРЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА

Следна статија

ЗАЕВ И БОРИСОВ ЗА ИЛИНДЕН ЗАЕДНО ЌЕ СЕ ПОКЛОНАТ ПРЕД ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ЦРКВАТА СВЕТИ СПАС

Најново од Вести