СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ГО ОДРЖА НАЈАВЕНИОТ ПРОТЕСТ
Судските службеници изутринава излегоа на протест. Ги напуштија судските канцеларии и протестираа пред судовите незадоволни од несразмерното зголемување на платите во судството.
Главната причина за протестот е одлуката да се зголемат платите на судиите и побараа намалување на јазот меѓу платите на судиите и сите останати вработени во судската администрација.
Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујоски, побара судиите да покренат иницијатива и да разговараат за платите на судската полиција. Првиот човек на УПОЗ порача дека проблемите не се решаваат со штрајкови и оти луѓето вработени во судската администрација се веќе измалтретирани.
