СУДСКИОТ СОВЕТ ГО РАЗРЕШИ ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ
Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, јавува А1он.
Седницата на која имаше повеќе точки на дневниот ред, почна во 10.30, а заврши во 13.30 часот. Тричлената комисија за извештајот за Вангеловски ја сочинуваа Лидија Каначковиќ, Владо Богдановски и Сашо Ѓорѓиевски.
Вангеловски има право на жалба до Врховниот суд. Разрешување за него беше побарано во декември 2017 година.
