СУПА СО КАРФИОЛ, ИНДИСКИ ОРЕВИ И АВОКАДО

Производи:
1 средна главица карфиол (насечкана на делови)
3 лажици маслиново масло
1 мал кромид, сецкан
2 чешниња лук (толчени)
4 чаши пилешка супа
1 гранче свеж рузмарин
Сол и бибер по вкус
¼ чаша индиски ореви
1 лажица таан
¼ авокадо

Подготовка:
Варете го карфиолот во солена вода 20-30 минути. Во меѓувреме, во друга тава, загрејте го маслиновото масло. Пржете го кромидот и лукот неколку минути. Додадете ја супата, рузмаринот, солта и биберот. Додадете го карфиолот во оваа тава.

Индиските ореви ситно исецкајте ги. Измешајте ги со таанот и додадете ги во супата. Откако ќе зоврие, намалете ја топлината и оставете да врие 10-15 минути. Тргнете ја супата од оган. Оставете малку да се излади и додадете го исецканото авокадо. Ако сакате, можете да ја испасирате супата. Посипете со рузмарин. Ако сакате, можете да додадете свеж магдонос.

На здравје!

Извор: Мисли



Слични Објави