Св. Иван Рилски, Паисиj Хилендарски и Мадарскиот коњаник ќе бидат на прикажани на евро монетите откако Бугарија ќе ја прифати заедничката европска валута
Ликовите на бугарскиот светец Свети Иван Рилски, бугарскиот преродбеник Паисиј Хилендарски и Мадарскиот коњаник ќе бидат на бугарските евромонети откако Бугарија ќе ја прифати заедничката европска валута. Одлуката беше донесена денеска на седница на Координативното тело за подготовка на Бугарија за влез во еврозоната. На седницата беа прифатени, одобрените од Управниот совет на Бугарската народна банка уметнички проекти за дизајнот на бугарската национална страна на евромонетите од сите номинали: 1 евроцент; 2, 5, 10, 20 и 50 евроценти; 1 евро и 2 евра.
На монетите ќе има натпис Бугарија, а на монетата од 2 евра ќе има натпис „Боже пази ја Бугарија“. Ќе биде изпишана и годината на воведувањето на еврото во Бугарија 2025 г. Зборот евро ќе биде испишан на кирилица на монетите од 1 и 2 евра, а на евроцентите ќе стои зборот стотинка.
Мадарскиот коњаник ќе биде прикажан на монетите од 1, 2, 5, 10, 20 и 50 евроценти; Св. Иван Рилски ќе биде прикажан на монетата од 1 евро; Паисиj Хилендарски ќе биде прикажан на монетата од 2 евра.
Уметничките проекти се дело на бугарскиот „Монетен двор“.

