| |

Почина Димитар Пенев – една од најголемите спортски легенди на Бугарија

На 3 јануари 2026 година нè напушти една од најголемите спортски легенди на Бугарија. На 80-годипна возраст почина Димитар Пенев. Тој го прослави својот последен роденден на 12 јули 2025 година, кога одбележа 80 години во Воениот клуб, во присуство на бројни легенди, меѓу кои и Љубослав Пенев, кој во моментов се бори со тешко заболување, јавува БГНЕС.

Димитар Пенев, познат по прекарот „Стратегот од Мировјане“, е една од најзначајните фигури во историјата на бугарскиот фудбал. Тој е единствениот што постигнал големи успеси и на теренот и надвор од него – како фудбалер и како тренер.

Пенев е меѓу „виновниците“ за историското четврто место на Бугарија на Светското првенство во САД во 1994 година. Тогаш тој беше селектор на бугарската репрезентација.

Најголемиот дел од неговата кариера поминува во ЦСКА, каде што се афирмира како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на клубот. Со „армејците“ освои 7 титули на Бугарија и 5 Купи на државата.

Запиша 90 настапи и постигна 2 гола за репрезентацијата на Бугарија. Учествуваше на три последователни Светски првенства – 1966, 1970 и 1974 година. Во 1996 година Пенев беше прогласен за „Тренер на векот“ во Бугарија.

Во исто време, стручњакот откри и афирмира бројни таленти, а во националниот тим наметна играчи како Христо Стоичков, Емил Костадинов и Љубослав Пенев.

Под негово водство, ЦСКА стигна до полуфиналето на КНК (Купот на носителите на купови) во 1989 година.



Слични Објави