| |

Европски и американски претставници денеска на разговори во Киев за мировен договор со Русија

Европски и американски претставници денеска се собираат во Киев на нови разговори за предлозите за мировен договор со Русија. Според претседателот Володимир Зеленски, околу 15 држави го потврдиле своето учество на средбата, меѓу кои и претставници на Европската унија и НАТО. Американскиот тим ќе се вклучи преку видеоконференциска врска.

Состанокот ќе биде фокусиран на прашањето за безбедносните гаранции што сојузниците можат да ѝ ги обезбедат на Украина. За следната недела во Франција е планирана лидерска средба на земјите од т.н. Коалиција на подготвените, кои ја поддржуваат Украина.

Слични Објави