|

СДСМ: Антиервопската коалиција лаже, нема асимилација, Македонци со македонски јазик во ЕУ

Антиевропската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и Левица лаже и пласира невистини за наводна бугаризација и асимилација, бидејќи немаат вистинска аргументација против членството во ЕУ, оценуваат во соопштението од владејачката партија.

„Не може да има асимилација и бугаризација со македонски јазик во ЕУ. Во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик не е асимилација, тоа му е јасно на секого.
Бугаризација има колку што имаше кантонизација и федерализација. Без аргументација, антиевропска коалиција функционира врз база на хистерично ширење невистини, но и со обиди за предизвикување тензии и радикализација на атмосферата“, е наведено во напишаното од страна на СДСМ.

Изминатите неколку денови, велат од таму, се случија насилни протести, тензии но и обид за крваво сценарио за предизвикување етнички конфликт, кое не успеа.

„Сето ова говори за сериозноста на одредени анти европски структури кои сакаат да ја дестабилизираат државата, да го повторат 27 април или 2001 година.
Институциите, безбедносните структури, нема да дозволат кој било да ја загрозува стабилноста на државата“, се додава во напишаното.

Извор: Temite



Слични Објави