ГДУ БАРА ИТНО УКИНУВАЊЕ НА ПРИВАТНИТЕ ИЗВРШИТЕЛИ
Бараме итно укинување на приватните извршители и нивно враќање во судовите, ревизија на нивното работење и обесштетување на сите оштетени граѓани, повика Дарко Попоски портпарол на Граѓанско Демократска Унија.
Дали моралот и совеста на министерката за правда се исти со моралот и совеста на криминогените извршители? Министерката веднаш да ги санкционира сите извршители кои го прекршиле законот, велат од ГДУ.

