(Видео) Прва годишнина на НоРа: Закон за проширена конфискација
По повод една година од основањето, НОВА РЕПУБЛИКА одржа прием во Канцеларијата на Националниот одбор. Во своето обраќање претседателот на партијата Ивон Величковски ги подвлече следните 5 итни и темелни решенија:
– Инвестиција во нуклеарните реактори во соседството за поевтина струја за бизнисот и домаќинствата, наместо брза железница – новото „Скопје 2014“;
– Примена на Преспанскиот договор и Преговарачката рамка, за европеизација на нацијата, наместо демографска „анадолизација“;
– Еднократен (ре)избор на судии и обвинители во Собранието за успешна борба со корупцијата низ судство и обвинителство со интегритет;
– Фокус на поврзувањето по Коридор 8 и рехабилитација на железничката инфраструктура по Коридорот 10 наместо прекумерно градење, и
– Редукција на државната и јавната администрација: Во ера на дигитализација, нема место за прекубројна администрација.
Новата Република значи Северна Македонија просперитетна и продуктивна држава, наместо квази-социјална.

НоРа со повик до партиите кои не се во коалиција со традиционалните партии
„Пред нас – мнозинството непретставени – е можноста како партии, граѓани, независни листи и платформи со национална, граѓанска, претприемничка, ЕУ и НАТО ориентација да се организираме. Ние на принципи и интерес на нацијата – тие за профит од јавните буџети. За да ги победиме – треба да сме обединети и организирани. Затоа повикуваме на процес низ рамноправност, инклузивност и граѓански и политички активизам.“
