| | |

Бугарската Воена академија во Софија организира дискусија за Планинската дивизија од 1916 до 1919 година

Бугарската Воената академија „Георги Стојков Раковски“ на 14 септември во Софија организира јавна лекција посветена на Планинската дивизија на Бугарската армија во периодот од 1916 до 1919 година. Настанот ќе се одржи во салата „Дрангов“ во Академијата, на булевар „Евлоги и Христо Георгиеви“ бр. 82, со почеток во 14:30 часот.

Лекцијата, насловена „Меѓу националното и империјалното. Планинската дивизија 1916–1919 година“, ќе ја одржи доц. д-р Живко Лефтеров.

Планинската дивизија е една од помалку познатите воени единици на Бугарската армија од времето на Првата светска војна. Според најавата на Воената академија, таа била формирана главно од муслимани од Македонија – Албанци, Турци и бугарски муслимани, додека меѓу офицерскиот кадар преовладувале Бугари од Македонија.

Во рамките на предавањето ќе биде разгледана историјата на дивизијата во контекст на бугарската политика на Балканот, како и плановите принц Кирил да стане албански кнез.

Темата ќе ги опфати и прашањата за односот меѓу националните и империјалните интереси, воената организација и политиката во годините на Првата светска војна.

По 15:00 часот е предвидена дискусија, на која присутните ќе можат да поставуваат прашања и да разговараат со предавачот.



Слични Објави