| | |

(Видео) Историски успех! Второ место за бугарскиот атлетичар Божидар Сарабојуков на World Athletics Ultimate Championship во Будимпешта

Бугарскиот атлетичар Божидар Сарабојуков го освои второто место во скок во далечина со резултат 8.34 м на World Athletics Ultimate Championship во Будимпешта. Дваесет и двегодишниот Сарабојуков заостана само еден сантиметар зад победникот Милтијадис Тентоглу, јавува Бугарската атлетичарска федерација.

Бугаринот го започна натпреварот со скок од 8,09 метри, што беше негов 100-ти резултат над границата од осум метри. Во третиот обид постигна 8,17 метри, а во четвртиот и последен скок го забележа својот најдобар резултат од 8,34 метри.

Погледнете ја изјавата на младиот бугарски атлетичар и светски вицешампион од Будимпешта:



Слични Објави