| |

Ричард Клајдерман ќе настапи во Софија на 5 март 2027 година

Светски познатиот пијанист Ричард Клајдерман ќе одржи концерт на 5 март 2027 година во сала 1 на Националниот дворец на културата во Софија, соопштија организаторите од „Directo Agency“, пренесува БТА.

За настапот Клајдерман подготвува и нова бугарска песна, која ќе ја изведе специјално за публиката во Софија. Организаторите засега не откриваат за која композиција станува збор.

При неговото гостување во Бугарија во 2025 година, пијанистот ја изведе песната „Хубава си, моя горо“.

Клајдерман ќе пристигне во Софија по серија меѓународни настапи, меѓу кои и концерти во Канада и Латинска Америка.

На сцената во март со него ќе настапат и музичарите од „Кантус фирмус“.

На програмата ќе бидат и дела по кои Клајдерман е препознатлив ширум светот, меѓу кои „Ballade pour Adeline“ и „L for Love“, како и романтични мелодии и интерпретации на позната филмска музика.

Публиката ќе има можност да слушне и теми од филмските франшизи „Невозможна мисија“ и „Џејмс Бонд“, наведуваат организаторите.

Слични Објави