| |

Перев за БНТ: Не очекувам изненадувања при гласањето на францускиот предлог во Собранието на РС Македонија

Не се очекуваат изненадувања на претстојните дискусии и гласањe на т.н Француски предлог во Собранието на Република Северна Македонија. Ова за Бугарската национална телевизија го изјави публицистот Владимир Перев.

„Ова е очекуваната одлука и скоро сите овде знаат дека оваа работа ќе биде многу лесно изгласана. Веројатно по долга и исцрпна дискусија, но ќе биде вака. Социјалдемократскиот сојуз и сите албански партии ќе гласаат за францускиот предлог, кој е де факто европски предлог за Македонија“, смета Владимир Перев.

Новинарот потсети дека утре на македонските пратеници во парламентот директно ќе им се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа пристигнува во Скопје за да го поддржи францускиот предлог и де факто „да ја поддржи Бугарија“. Според Владимир Перев таканаречениот француски предлог нема да предизвика соборување на владата.

„ Ако гледаме објективно на работите, такво нешто не може да се случи. Ова се приказните на опозицијата, која вели – ако го одбиете францускиот предлог, нема да бараме предвремени избори. Ова е, да не речам, трагикомична изјава. Ако се отфрли францускиот предлог, тогаш позицијата ќе стане заложник на опозицијата, на Христијан Мицкоски и тој ќе ги командува процесите во парламентот. Мислам дека нема да има изненадувања од ваков тип“.

Пред информациите за посетата на Урсула фон дер Лајен, протестите беа антиевропски и антибугарски. Сега тонот е малку посмирен, додаде македонскиот новинар.

Перев обрна внимание и на фактот дека откако станало јасно дека Урсула фон дер Лајен ќе дојде во Скопје како поддршка за францускиот предлог, неговото спроведување и внесувањето на Бугарите во Уставот на РС Македонија и не е толку непредвидлив процес.

На прашањето дали Мицкоски ќе побара некакви отстапки во однос на тоа да ги поддржи измените во Уставот, во замена за тоа некои судски постапки за сегашни и поранешни фунционери на партијата да бидат решени со позитивен резултат за него, Перев одговори дека и во Македонија и во Бугарија многу политичари имаат судски случаи во фиоки и дека тоа не е ништо ново, бидејќи политичарите во Македонија и во Бугарија најчесто стануваат познати по своите криминални активности, а не со позитивни примери за сработена работа.



Слични Објави