(Видео) Стоилковски: Арсовска е во коалиција со СДСМ, директорот на ЈСП е нивен кадар

/

Градоналаничката на Град Скопје, Данела Арсовска е во коалиција со СДСМ, а плод на коалицијата е директорот на ЈСП кој е кадар на владејачката партија. Ваков е ставот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој во таа насока рече и дека премиерот Димитар Ковачевски јавно признал дека имал средби со Арсовска.

„Александар Стојковски, директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска е кадар на СДС. Ова е фотографија од која се гледа Стојковски на партиските состаноци во централниот штаб на СДС. Заедничкиот интерес на таквата коалиција се тендерите и договорите во 4 очи. Зошто ЈСП троши повеќе нафта од тоа што трошеше со повеќе автобуси од пред 8 години? Зошто фирмата на владиниот пратеник е победничката на милионскиот тендер за набавка на нафта за ЈСП? Одговорите ги крие коалицијата Арсовска – Ковачевски, кои што се одговорни за хаосот“, рече Стоилковски.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Арсовска дека го заглавила градот во долгови, неподмирени обврски и во проблеми, а еден од нив е и застојот во јавниот превоз.

„Додека делат тендери, Арсовска и Ковачевски ги ставија приватните превозници на милост и немилост, а скопјани со нарушен јавен превоз. Скопје е блокирано, а скопјани заглавени во сообраќаен хаос, и тоа е вина само на СДС и на Данела Арсовска. Очигледно е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја повлече својата поддршка за Арсовска. Никогаш нема да поддржиме некој кој тргнува во коалиција со криминалци за правење на матни зделки“, рече Стоилковски.



Претходна статија

АД ЕСМ го зголеми производството за 26 отсто во споредба со лани

Следна статија

Приведено лице во Струмица за шверц на половина тон суров тутун

Најново од Вести