Притвор за прилепчанец, кој се обиел да ја убие поранешната сопруга

/

Прилепското Основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против 47-годишен жител на градот осомничен за обид за убиство.

Како што информираат од Обвинителството, постои основано сомнение дека тој на 20 јуни, при вршење семејно насилство, во куќа на улицата Дабничка во Прилеп, со умисла се обидел да ја убие својата поранешна сопруга.

„Утрото на критичниот ден тој дошол во куќата во која живеела оштетената, се качил во собата во која таа спиела и најпрвин почнал да ја дави со рацете околу вратот и да ја удира со тупаници по главата и телото. Во тој момент пристигнала мајка ѝ, која се обидела да го оттргне, но осомничениот ја турнал. Од појасот извадил нож и на поранешната сопруга ѝ нанел неколку убодни рани во телото и ногата. Потоа бил совладан од тројца соседи, кои го изнеле од куќата и го спречиле да ја оствари намерата“, се наведува во соопштението, во кое од Обвинителството откриваат детали за настанот.



Јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување притвор за осомничениот оценувајќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и оштетените или да го реализира кривичното дело.

Судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.​​

Претходна статија

БГНЕС го објави целосниот текст на билатералниот протокол што треба да биде одобрен од Софија и од Скопје

Следна статија

ССМ пред Собранието: Ако не се зголемат платите во јавниот сектор, ќе бараме оставки

Најново од Вести