ЗНМ: МВР постапи, чекаме ѝ судска разрешница за заканите кон новинарите

/

МВР достави известување до ЗНМ дека е поднесена кривична пријава против А.Е.(36) од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ против новинари. Одговорот на МВР во врска со овој случај е за поздравување а следен чекор е итна проактивност од страна на обвинителството а потоа и судот со цел оние кои ги прекршуваат правата на новинарите да бидат соочени со правдата.

Потсетуваме дека на 22.03.2021 од страна на Здружението на новинарите на Македонија до СВР Тетово беше поднесено барање за постапување по пријави за закани по безбедност на новинари и медиуми на социјалната мрежа фејсбук. Станува збор за случај во кој од профилот на оваа социјална мрежа именуван како Арбен Есати  беше објавена содржина проследена со експлицитни закани кон новинари и медиумски работници од медиумите: Без Цензура, ТВ 21, Газета Експрес, Тетова Сот , Коха ТВ, Коха Њуз, Куманова Сот, ТВ Шења и Лајми Пресс.

Ваквата објава од лицето Арбен Есати предизвикала чувство на страв и несигурност од загрозување на животот на дел од новинарите од овие медиуми и на членови на нивните семејства.



По ургенцијата од страна на ЗНМ а во координација со дел од новинарите кои се засегнати од овој случај беше доставено образложено барање до МВР за итно спроведување на истрага.

Ова е прв посериозен случај за повреда на правата на новинарите кои го регистрира ЗНМ во 2021 година. Потсетуваме дека во 2020 година ЗНМ бележи вкупно 14 напади и сериозни закани кон новинарите а само еден случај имаше судска разрешница.

Претходна статија

Галуп: Седумдесет отсто Бугари не сакаат отстапки во спорот со Скопје

Следна статија

Османи – Чавушоглу: Македонија и Турција немаат отворени прашања

Најново од Вести