6 Мај- Денот на храброста и празник на Бугарската армија свечено ќе биде одбележан на бугарскиот воен меморијал во Ново Село
На 6 мај во Ново Село (Струмица), ќе се одржи свечено одбележување на Денот на храброста и празникот на Бугарската армија.
Настанот ќе се одржи на бугарскиот воен меморијал во Ново Село со почеток од 12 часот. Организатори на чествувањето се Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Министерството за одбрана на Република Бугарија и Фондацијата „Бугарска памет“.
Годинашното одбележување е 20-то јубилејно и е поврзано со обновата на меморијалот во 2006 година, реализирано со лични средства на д-р Милен Врабевски, јавуваат од Фондација „Бугарска памет“. Во бугарското воено гробиште во Ново Село се погребани 71 бугарски војник.
Во церемонијата ќе учествуваат официјални претставници, Гардискиот оркестар, претставници на Националната гарда, како и млади од Бугарија и Северна Македонија. Заупокојната служба ќе ја води струмичкиот митрополит Наум, заедно со претставници на бугарската православна црква, стои во објавата на Фондација „Бугарска памет“.
