Сведоштво на потомка на Апостол војвода-Најблиските роднини на големиот комита бегаат во Бугарија

//

Малку се луѓето, кои успеале да погледнат позади легендарниот лик на Апостол војвода. Каква била неговата фамилија. Каква била нивната судбина по неговото загинување. Дали сме свесни, колку малку знаеме за оние молчаливи херои, непознати, кои во своите раце ги стискале својата судбина, живот и највредното- нивните деца. Заедно со нивното човечко достоинство. Достоинството да останат Бугари. До самиот крај. Знаеме ли дека сестрата на Апостол војвода бега во Бугарија и умира осамена во Пловдив?!

Знаеме ли дека неговите најблиски роднини исто така бегаат од Бојмица во Бугарија за време на Првата светска војна?! Тоа е проекција илјадници бежански судбини и на илјадници човечки стории. Ја објавуваме историјата на родот Полизови, први братучеди на Апостол војвода. Истата ја сподели внуката на овој род Нели Недјалкова. И благодариме од срце за зачуваниот спомен за нејзиниот род.

„Баба ми и дедо ми се од селото Бојмица во Егејска Македонија, родени се во 1885 г. Се викаат Вангел Трајков Полизов и Магдалина Георгиева Савова (Полизова по маж). Први братучеди со Апостол војвода. Кога се родил дедо ми, го крстиле Благој. По грчки му го смениле името на Вангел. Кога учителот во грчкото училиште му се обраќал со Вангел, дедо ми не реагирал. Велел: Јас се викам Благој! Заради тоа бил тепан со прачка по босите нозе и клечел на коленици врз ореови корупки. Така се чува бугарското име. Баба ми е од родот Савови. Бидејќи Бојмица е најблиско до градот Гевгелија и денес има луѓе со двете презимиња таму. Во 1912 г. во селото влегуваат грчки војски и почнале невиден терор. Бојмичани биле исправени пред изборот: да станат Грци, да бидат живи изгорени во своите куќи или да тргнат кон Бугарија. Многумина од постарите луѓе останале. Меѓу нив бил и мојот прадедо Трајко, татко на дедо ми. Бил комита. Во времето кога баба ми била млада невеста, од едната страна на нивната куќа биле први комшии со турско семејство. На „отворен комшилук“- мало вратниче меѓу куќите соседот Турчин и рекол: Невесто, гледам што правите, се собирате. Чувајте се! Јас нема да ве издадам. Правете го тоа поскришно, бидејќи вашите Бугари ќе ве издадат.“ Сакал да отиде во Бугарија и прадедо ми Трајко и не ја криел таа намера. Го убиле. Дедо ми и баба ми тргнуваат кон Бугарија со 4 деца, 3 од нив умираат по патот- Кирил, Димитар и Надежда. Останал жив само најголемиот брат Трајко. Остануваат до 1920 во селото Еникјој, ѓумурџинско, каде што се раѓа мојот најмал вујко Тома (20 април 1919 г.), рус и со сини очи како дедо ми. Во слободна Бугарија, во градот Сливен е родена мајка ми во 1922 г., а во Пловдив мојата тетка Марија. Уште е жива на 97 години. Дедо ми Вангел бил солидно образован за неговото време. Знаел грчки, турски и француски јазик. Во Бугарија започнал работа во железницата, но се разболел тешко и напуштил. Почнал да прави бонбони и да ги продава за да преживеат. Повеќе не знам. Бежанците немале многу документи, а и да имале, тие не се зачувани од нивните наследници. Како дете имам видено слика на Апостол војвода зачувана од дедо ми, но истата за жал се изгуби. На фотографијата е семејството на дедо ми баба ми во Пловдив. Мајка ми Станка е до нејзиниот татко и нејзиниот најголем брат Трајко. Другите деца се Тома и Марија“.



Извор: Илюстрация БѢло море Illustration Belo more

Претходна статија

178 нови случаи на SARS-CoV-2, пријавени се 4 починати лица

Следна статија

Првиот човек на Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Рускоска

Најново од Вести