|

Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД: во фокусот стратешкото партнерство меѓу двете држави

Претседателот Стево Пендаровски прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава.

Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, Пендаровски посочи дека и натаму е важна американската поддршка за продолжување на патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ.

На средбата соговорниците разменија мислења и за севкупната соработка на Северна Македонија со САД во контекст на стратешкото партнерство меѓу двете држави и соработката на невладиниот сектор. Истовремено, стана збор и за случувањата на геополитички план, како и за состојбите во поширокиот регион.

Претставниците на организацијата го запознаа претседателот Пендаровски со текот на нивните активности коишто се во насока на глобален ангажман, дијалог и соработка.



Слични Објави