Светите мошти на бугарскиот патријарх Св. Евтимиј ќе престојуваат во Штутгарт до Богојавление 2026
Во недела 30 ноември, кога Православната црква го чествува светиот апостол Андреј Првоповикан (Андреевден), Бугарската православна црковна општина во Штутгарт, Германија, ќе пречека дел од светите мошти на Св. Евтимиј, последниот бугарски патријарх пред падот на Бугарија под османлиска власт, јавува БНР.
Моштите ќе останат во Штутгарт до 6 јануари 2026 година, за празникот Богојавление, при што верниците ќе можат да им се поклонат за време на секоја богослужба во храмот, информираат од црковната општина.
Согласно одлуката на Светиот синод на Бугарската православна црква, светите мошти беа донесени од Бугарија во октомври 2023 година во берлинската парохија „Свети цар Борис Покрстител“, како дар за православните Бугари во дијаспората. Светињата ќе продолжи да патува низ епархиите во Западна и Средна Европа „за слава на Светата Единосуштна и Неразделна Троица и за зацврстување на верата и љубовта во срцата на Божјиот народ“, се наведува во соопштението.
Споменот на светиот патријарх Евтимиј Трновски се чествува заедно со споменот на свети Евтимиј Велики – на 20 јануари, а неговата соборна и литургиска прослава беше извршена на 22 октомври 2023 година во Бачковскиот манастир.
