ФИЛИПЧЕ: ЗА ЖАЛ И ДЕНЕСКА ИМАМЕ ПОЧИНАТО МЛАДО ЛИЦЕ, РОДИТЕЛИТЕ СЕ СОГЛАСИЈА ЗА ДОНАЦИЈА НА ОРГАНИ

//

Венко Филипче, министерот за здравство соопшти дека денеска има починато младо женско лице, и дека има согласност од нејзините родители за донација на органите.

„Веројатно дека имаме потенцијал да се направи уште една трансплантација. За жал, имаме млада почината пациентка, а има согласност за донација на органи од нејзините родители, и се прават анализа дали може да се направи трансплантација и на срце, и на бубрези. Ако имаме можност трансплантација на срце, ќе биде истиот тим како претходниот пат кој ја направи минатата трансплантација“, рече Филипче.



Претходна статија

СПАСОВСКИ: ГРУЕВСКИ ЌЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ И ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА

Следна статија

(ВИДЕО) КАРАКАЧАНОВ НАЈАВИ ГОЛЕМИ ПРОТЕСТИ АКО СОФИЈА ПОПУШТИ ЗА ИСТОРИЈАТА

Најново од Вести