| |

Светски познатиот бугарски виолинист Васко Василев и солисти од 4 земји со концерт во Ајфеловата кула по повод 24 мај

Светски познатиот бугарски виолинист Васко Василев и солисти од Оперскиот оркестар на Кралската опера Ковент Гарден вечерва ќе изведат класичен акустичен концерт во сала во Ајфеловата кула. Ќе свират музичари од 5 националности, а поводот е 24 мај. Организатор на настанот е Бугарскиот културен институт во Париз, јавува БНР.

Французинка, Јапонка, Австријка, Англичанка и Бугарин вечерва ќе се сретнат на Ајфеловата кула за заедно да го прослават 24 мај. На концертната програма се дела од Вивалди, Бизе, Брамс, Сен-Санс. За концертот во Париз, бугарскиот виолинист ќе допатува од Јапонија, вели Десислава Бинева – директорка на бугарскиот културен институт во француската престолнина.

„Оваа сала се наоѓа на првиот кат од Ајфеловата кула, располага со околу 200 седишта и со прекрасен поглед на градот. Васко ќе свири со уште 4 музичари од Ковент Гарден. Мислам дека публиката ќе ја има исклучителната шанса да присуствува на вистински музички спектакл кој ги собира заедно уметници од 5 националности, кои заедно ќе го одбележат еден од најубавите бугарски празници – 24 мај.

Концертот во Ајфеловата кула ќе одбележи и 20 години од основањето на Бугарскиот културен институт во Париз.

Слични Објави