| | | |

Погледнете ја епизодата посветена на Бугарија снимена од светски познатата документарна серија „Treasures with Bethany Hughes“

Погледнете ја епизодата посветена на Бугарија снимена од тимот на светски познатата документарна серија „Treasures with Bethany Hughes“. Серијата се емитува на документарниот тв канал Viasat History. Проф. д-р Бетани Хјуз ја посетила Бугарија за да покаже дел од шаренилото и неверојатната историја на мозаикот од култури во оваа земја.

Во епизодата која се емитуваше на 24 мај, по повод Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, бугарската азбука, книжевност и култура се прикажани најстарото златно богатство на Бугарија, кое се чува во Археолошкиот музеј во Варна, тракијската гробница во Казанл’к, монументот на Бузлуџа, обичајот на нестинарите, древниот град Хераклеја Синтика, Епископската базилика во Филипопол, Рилскиот манастир и уште многу други природни и културни богатства на Бугарија.

Слични Објави